• петок, 22 ноември 2024

Европските денови на културно наследство во НУ Музеј Куманово

Европските денови на културно наследство во НУ Музеј Куманово

Куманово, 29 септември 2023 (МИА) - Кумановскиот музеј организира повеќе работилници со најмладите во текот на неделата посвета на Европските денови на културно наследство, информираа денеска надлежните.

Тема на овогодишното издание на Европските денови на културно наследство е „Живо наследство“. Манифестацијата се одбележува со неколку настани кои се реализираат во Меморијалниот центар Пелинце и постојаната музејска поставка и наменети се претежно за ученици.

- Национална установа Музеј Куманово и оваа година како и претходните активно се вклучи во одбележување на Европските денови на културно наследство кои претставуваат најшироко прифатен партиципативен културен настан којшто го споделуваат граѓаните на Европа. Во Меморијалниот центар АСНОМ Пелинце, беше презентирана музејска детска читанка за создавањето на македонската држава и зачувување на мајчиниот јазик, изјави в.д. директорката на установата, Марија Миљуш Божурска.

Во просториите на постојана музејска поставка се организираше забавно-едукативна квиз игра наречена „Археосфера-М“ каде што се натпреваруваа седмоодделенци од четири основни училишта во градот. Таму беа прикажани и етнолошки филмови „Голубарот“, „Мека душа за тврдо железо“ и „Таму некаде горе во планината“ пред гимназијалците од „Гоце Делчев“ од Куманово.

Оваа манифестација ќе биде затворена со работилница за деца од ОУ „11 ти Октомври“ под наслов, „Си беше еднаш …“, која ќе се реализира во постојана музејска поставка. ам/дма/


Фото: НУ Музеј Куманово

Остани поврзан