• понеделник, 01 јули 2024

Европскиот совет ќе одржи вонреден состанок на 1 февруари за помошта за Украина

Европскиот совет ќе одржи вонреден состанок на 1 февруари за помошта за Украина

Брисел, 18 декември 2023 (МИА) - Шефовите на држави и влади на земјите од ЕУ ќе одржат вонреден состанок во Брисел на 1 февруари следната година, најави претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на заедничката прес-конференција со белгискиот премиер Александар де Кроа.

Од 1 јануари Белгија го презема ротирачкото претседавање со Советот на ЕУ.

Планирано е на вонредниот состанок повторно да се разговара за зголемување на буџетот на ЕУ. Мишел објасни дека зголемувањето на буџетот е поврзано и со трошењето за миграциските прашања.

На Унгарија и треба дополнително време да ја поддржи одлуката за промена на општиот буџет, посочи тој. Мишел истакна дека минатата недела Европскиот совет усвои историска одлука за почеток на пристапните преговори со Украина и Молдавија.

-Една земја политички и интелектуално не ја поддржа (оваа) одлука на ЕУ и не наметна вето за да не биде пречка, истакна тој во однос на постапките на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тоа е „конструктивна воздржаност“ што може да биде интересно во иднина, додаде тој.

Премиерот Де Кроа посочи дека неговата земја ќе работи на донесување едногласна одлука за буџетот на ЕУ. Тој посочи дека промените во европското законодавство за миграција нема да бидат одобрени во наредните денови и дека оваа задача ќе остане за белгиското претседателство. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан