• понеделник, 23 декември 2024

Европскиот совет до Русија: Воените злосторства мора да запрат

Европскиот совет до Русија: Воените злосторства мора да запрат
Брисел, 25 март 2022 (МИА) - Европскиот совет ја повика Русија веднаш да ги запре своите воени злосторства во Украина. Според ЕС, Русија насочува напади на цивили и цивилни објекти, како болница, здравствена установа, училиште и засолниште. „Воените злосторства мора да запрат“, наведува ЕС во документи, споделени на интернет од страна на портпаролот на претседателот на Советот. Во документите пишува и дека „одговорните и нивните соучесници ќе бидат повикани на одговорност, согласно меѓународното право“. Советот ја повика Русија да гарантира безбеден премин за цивилите заробени во воени зони, до таму каде што тие ќе одредат, како и да обезбеди пат за хуманитарна помош во опколени градови како Мариупол. бд/јт/

Остани поврзан