Европратеници непланирано отпатуваа во „Дизниленд“
- Холандската европратеничка Самира Рафаела објави фотографија од себе и својот колега Мохамед Чахим, во кафе-вагонот на возот. Коментарот до сликата гласи: „Тим Дизниленд“.
Стразбур, 18 октомври 2023 (МИА) - Воз со членови на Европскиот парламент (ЕП) и нивните тимови, непланирано отпатува кон „Дизниленд“ паркот во Париз, поради грешка во сигнализацијата, соопшти Француската национална железничка компанија.
Европратениците патувале од Брисел, Белгија, до Стразбур, Франција, заради Пленарната седница закажана за во понеделникот... И, во еден миг се нашле меѓу хотелот „Арт оф Марвел“ и „Мејн стрит УСА“ во забавниот парк. Возот, според надлежните, бил пренасочен кон Париз поради грешка во комуникацијата во станицата „Роаси-Шарл де Гол“.
Европратениците се пошегуваа за настанот на социјалните мрежи.
Холандската европратеничка Самира Рафаела објави фотографија од себе и својот колега Мохамед Чахим, во кафе-вагонот на возот. Коментарот до сликата гласи: „Тим Дизниленд“.
Германскиот пратеник Даниел Фројнд, пак, појасни дека тоа не било собранието на Мики Маус. си/
Фото: Твитер, фотоисечок