• понеделник, 23 декември 2024

Европол: Онлајн злоставувањето на деца во пораст за време на пандемијата

Европол: Онлајн злоставувањето на деца во пораст за време на пандемијата
Брисел, 18 мај 2020 (МИА) - Сексуалната злоупотреба на деца преку Интернет се зголемила во Европската унија за време на пандемија на коронавирусот, изјави денеска извршната директорка на Европол, Кетрин де Бол. - Она што најмногу загрижува е зголемената онлајн активност на оние кои бараат материјал за сексуална злоупотреба на деца, рече Де Бол за време на сесија на Европскиот парламент. Де Бол, поранешна шефица на белгиската полиција, рече дека зголемување на активности на педофили пријавиле национални власти за спроведување на закони во 27 земји-членки на ЕУ, кои забележале дека постои зголемен пораст во пристапот до нелегални страници и затвориле неколку интернет платформи за размена на детска порнографија. Таа изјавила дека истражителите на Европол пресретнувале криминалци кои полесно им приоѓале на децата разговарајќи со нив на „темната мрежа“ (dark web), дел од Интернет кој е достапен само со специфичен софтвер или овластување. За време на пандемијата на коронавирусот, имало зголемување и на кибер криминалот, а многу луѓе беа принудени да работат од дома и од да купуваат преку Интернет. јт/

Остани поврзан