Евробаскет 2022: Франција повторно победи по продолженија
- Француските кошаркари обезбедија пласман во полуфиналето на Европското првенство во Германија, откако вечерва во драматичен четвртфинален натпревар со многу среќа ја совладаа Италија по продо

Берлин, 14 септември 2022 (МИА) – Француските кошаркари обезбедија пласман во полуфиналето на Европското првенство во Германија, откако вечерва во драматичен четвртфинален натпревар со многу среќа ја совладаа Италија по продолжение со 93-85 (77-77).
Франција, која во четвртфиналето по продолжение ја совлада Турција, добро го отвори дуелот против Италија и во третата четвртина имаше предност од десет поени.
Уследи, меѓутоа, серија на италијанските кошаркари и резултатски пресврт, кој на две минути пред крајот на регуларниот дел донесе предност на Италија од 75-68.
Франција, меѓутоа, во драматичен финиш прво се избори за продолжение, а во дополнителните пет минути и до победа за пласман во полуфиналето во кое противник ќе им биде победникот од дуелот меѓу актуелниот европски првак Словенија и Полска. ег/паг/