• среда, 29 јануари 2025

Ева Ивановска од Делчево е добитничката на наградата за најдобра беседа „Григор Прличев“

Ева Ивановска од Делчево е добитничката на наградата за најдобра беседа „Григор Прличев“

Охрид, 29 јануари 2025 (МИА) - Младата средношколка Ева Ивановска од Делчево е добитничка на престижната награда за најдобра беседа за 2025 година на Конкурсот за најдобра беседа што го распишува НУ „Григор Прличев“ од Охрид.

Нејзиниот труд насловен „Чувај се себеси“ беше прогласен за најдобар на конкурсот за наградата што се доделува во чест на охридскиот и македонскиот поет и преродбеник Григор Прличев.

„Посебно сум среќна и горда што ќе бидам дел од ‘Прличевите беседи’ годинава, вели Ивановска, ученичка во четврти клас во Гимназијата „Методи Митевски – Брицо“.

Наградата во вредност од  девет илјади денари и статуетка со ликот на Прличев  на Ивановска  ќе и биде бидат врачени на 6 февруари на манифестацијата „Прличеви беседи“.

Манифестацијата „Прличеви беседи“ традиционално е поддржана од Министерството за култура и туризам и Општина Охрид. аб/са/

фото/НУ Библиотека „Григор Прличев“

 

Остани поврзан