• петок, 05 декември 2025

Еванс противник на Ѓоковиќ во 2. коло на Вимблдон

Еванс противник на Ѓоковиќ во 2. коло на Вимблдон

 

Лондон, 2 јули 2025 (МИА) – Седумкратниот победник на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, не дозволи неговиот дуел против Александар Муле да влезе во нов ден и пред полноќ успеа да го скрши отпорот на Французинот, совладувајќи го со 3-1 во сетови (6-1, 6-7 (7), 6-2, 6-2).

Шестиот тенисер во светот до победата на централниот терен на „Ол Ингланд Клуб“ дојде по три часа и 20 минути игра.

Противник на Ѓоковиќ во 2. коло ќе биде домашниот тенисер Даниел Еванс.

Британецот го почна настапот на Вимблдон како 154 рангиран на АТП листата. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан