• понеделник, 23 декември 2024

Дурмиши: Континуитетот на зголемување на соработката со Чешка е наш приоритет

Дурмиши: Континуитетот на зголемување на соработката со Чешка е наш приоритет

Скопје, 24 јули 2024 (МИА) - Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска оствари работна средба со амбасадорот на Чешката Република во Северна Македонија Јарослав Лудва.

Кaко што информира Министерството за економија и труд, на средбата беше констатирано дека има позитивен развој на билатералните односи меѓу двете земји и можности за понатамошно унапредување.

Министерот Дурмиши го информирал амбасадорот дека со реорганиацијата на институциите Министерството за економија и труд има нови надлежности, за што фокус на работа освен поддршката за домашниот бизнис и подобрување на деловната клима, ќе биде и подобрување на пазарот на труд.

- Чешката Република е еден од позначајните трговски партнери на Северна Македонија и е меѓу првите 10 земји со кои Северна Македонија остварува најголем обем на трговска размена, изјавил министерот Дурмиши. Посочил дека според податоците имаме континуиран раст на трговската размена што значи, како што се наведува во соопштението, дека има можности за понатамошно унапредување.

Дурмиши изразил надеж дека во наредниот период ќе продолжи успешната билатерална соработка со Чешката Република и се заблагодарил за силната поддршка што Чешка ја дава за евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија. Според него, влезот на нашата земја во ЕУ ќе значи голем бенефит за економијата и бизнисот. мд/ев/

Фото: Министерство за економија и труд

Остани поврзан