• вторник, 24 декември 2024

Дурмиши - Дуџак: Продолжува соработката во областа на претприемништвото и пазарот на труд

Дурмиши - Дуџак: Продолжува соработката во областа на претприемништвото и пазарот на труд

Скопје 10 јули 2024 (МИА) - Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, Росана Дуџак.

Дуџак информираше за активностите на Обединетите нации во Република Северна Македонија и нивната соработка со министерствата, особено во врска со имплементацијата на Агендата 2030 и целите за одржлив развој (ЦОР).

Како што соопшти Министерството за економија, Дуџак обрна посебно внимание на активностите во областа на претприемништвото, вработувањето со фокус на ранливите групи, поволната бизнис клима и економско-социјалниот диајлог, при што изрази желба за продлабочување на соработката со Министерството за економија и труд во наредниот период.

Како што истакна министерот Дурмиши, оваа средба е одлична можност да се разменат информации и идеи како да се продлабочи соработка меѓу Канцеларијата на постојаниот координатор на ОН во Северна Македонија, агенциите на ОН и Министерството за економија и труд. Тој изрази благодарност до агенциите на ОН во земјава за активностите што ги спроведуваат во областа на пазарот на труд, поддршката на претприемништвото, вработувањето, рамномерниот и регионален развој, доброто владеење, социјалната инклузија, заштитата на животната средина.

Двајцата соговорници се согласија дека во наредниот период треба да продолжи и да се унапреди соработката на Министерството за економија и труд со Канцеларијата на постојаниот координатор на ОН и со агенциите на ОН во земјава, но и да се обезбеди меѓусекторска координација и соработка за комплексните прашања на пазарот на трудот. мч/аа/

фото: Министерство за економија 

Остани поврзан