• вторник, 19 ноември 2024

Дурмиши  - Бартон: Има цврста основа за зголемување на соработката помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство

Дурмиши  - Бартон: Има цврста основа за зголемување на соработката помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство

 Скопје, 25 септември 2024 (МИА) - Министерот за за економија и труд Бесар Дурмиши во рамки на Берлинскиот процес остварил средба со Крис Бартон, Комесар за трговија на Неговото Величество Кралот Чарлс Трети.

На средбата, како што соопшти Министерството за за економија и труд, било оценето дека одличните политички односи помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија претставуваат цврста основа за понатамошно продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји, како и за градење на нови деловни релации помеѓу бизнис заедниците помеѓу двете земји.

Министерот Дурмиши го информирал комесарот Бартон за економските приоритети на Влада, притоа истакнувајќи дека истите може да бидат искористени за создавање на нови можности за понатамошно унапредување и развој на традиционално добрата економска соработка помеѓу двете земји.

На средбата министерот Дурмиши потенцирал дека Обединетото Кралство е еден од нашите најзначајни трговски партнери и се наоѓа на 2-то место од земјите со кои Северна Македонија остварува најголем обем на трговска размена и која бележи контунуиран раст.

 -Радува податокот дека за 10 години вкупните странски инвестициите од Обединето Кралство во Република Северна Македонија изнесуваат износ од 508,8 милиони евра, што ја прави Обединето Кралство земја која е еден од најголемите инвеститори. За нас како министерство за економија и труд во чија надлежност се условите за работа на странските инвеститори од голема важност е да работиме на подобрување на деловната клима, се со цел да имаме повеќе инвестиции кои ќе значат поголема вработеност и поголем економски раст, нагласил министерот Дурмиши.

Министерот Дурмиши на средбата се заблагодарил на поддршката која што континуирано ја добива Северна Македонија од Владата на Обединтетото Кралство пред се преку поддршка во реформите и во развојниот процес на патот кон полноправно членство во ЕУ.дма/са/

Фото: Министерството за за економија и труд

Остани поврзан