Дурант: Уживам кога ја гледам Евролигата
- Американскиот кошаркар Кевин Дурант изјави дека би сакал кариерата да ја заврши во Европа, поточно во Барселона или Монако.

Сан Франциско, 16 февруари 2025 (МИА) - Американскиот кошаркар Кевин Дурант изјави дека би сакал кариерата да ја заврши во Европа, поточно во Барселона или Монако.
Еден од најдобрите стрелци во историјата на НБА и човек со застрашувачки офанзивен арсенал изјави дека го сака елитното европско натпреварување.
-Сакам да играм во НБА, но навистина уживам кога ја гледам Евролигата. Сепак, не сум сигурен колку е реално да играм таму, вели Дурант.
Највредниот играч во најсилната лига на светот најмногу би сакал кариерата да ја заврши во приморските региони.
-Барселона би била добро место, но и Монако изгледа примамливо. „асега сè уште ми се допаѓа Феникс, ќе бидам тука некое време, порача тој.
Мајк Џејмс, еден од најдобрите пријатели на Дурент, игра за тимот од Кнежевството.
Четирикратниот водечки стрелец во НБА веќе ја коментираше можноста да игра на стариот континент во 2019 година, кога Серж Ибака објави дека каталонската престолнина изгледа како идеално место за завршување на неговата кариера.
Кевин Дурент оваа сезона на теренот има просек од 27,3 поени, 6 скока и 4,2 асистенции за 36,5 минути игра. дс
Фото: Принтскрин