• петок, 05 јули 2024

Дурант за марихуаната: Ова е НБА, сите овде ја користат

Дурант за марихуаната: Ова е НБА, сите овде ја користат

Феникс, 27 јули 2023 (МИА) - Кевин Дурант проговори за популарноста на марихуаната во НБА.

 

Ѕвездата на Феникс, Кевин Дурент, призна дека бил еден од луѓето кои го убедиле комесарот на НБА, Адам Силвер да ја укине забраната за марихуана.

 

- Всушност, му се јавив на Адам Силвер и го повикав да ја отстрани марихуаната од листата на забранети супстанции. Распространета е низ земјата и низ светот, односот кон него веќе не е негативен како порано. Адам Силвер се согласи со мене. Кога дојдов на средбата со Силвер, тој веднаш почувствува мирис и сфати каде оди се. Не морав многу да кажам. Ова е НБА. Да бидам искрен, сите овде ја користатт. Сега марихуаната е како вино, изјави, Дурант.

 

Во НФЛ-лигата марихуаната не е забранета. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан