• понеделник, 08 јули 2024

Дуплантис повторно го подобри светскиот рекорд во скок со стап

Дуплантис повторно го подобри светскиот рекорд во скок со стап

Јуџин, 18 септември 2023 (МИА) - Швеѓанецот Арманд Дуплантис постави нов рекорд во скок со стап. Тој во завршниот натпревар од Дијамантската лига одржан во Јуџин, САД, прескокна 6,23 метри.

 

Дуплантис седум пати по ред го подобрува светскиот рекорд, секогаш за по еден сантиметар.Претходниот светски рекорд изнесуваше 6,22 метри и беше поставен во февруари во  Франција.

 

Прв пат Дулантис стана светски рекордер во 2020 година прескокнувајќи 6,17 метри во полски Торун.

 

Швеѓанецот е актуелен олимписки шампион, двократен светски првак и во моментов далеку пред своите ривали во дисциплината скок со стап. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан