Думата ги повика Ерменија и Азербејџан да се вратат на преговорите
- Руската Државна дума денеска ги повика спротивставените страни во Нагорно-Карабах да се вратат на преговорите

Москва, 29 септември 2020 (МИА) - Руската Државна дума денеска ги повика спротивставените страни во Нагорно-Карабах да се вратат на преговорите.
Во соопштението од Думата се истакнува дека е неопходен моментален прекин на огнот и спречување на ескалацијата на конфронтација во регионот.
Државната дума ги повика страните што побрзо да се вратат на преговарачкиот процес и оти пратениците се подготвени да пружат посредувачка помош во стабилизација на ситуацијата. ми/