• сабота, 06 декември 2025

ДУИ oбвинува за етничка дискриминација во Царинската управа, бара реакција од Владата

ДУИ oбвинува за етничка дискриминација во Царинската управа, бара реакција од Владата

Скопје, 25 мај 2025

Демократската унија за интеграција најостро реагира на најновото унапредување на 26 службеници во Царинската управа сите од македонска етничка припадност, без ниту еден Албанец.

Ова не е изолиран случај, туку продолжубање на систематската политика на етничко исклучување, која директно го поткопува соживотот и меѓуетничката рамнотежа во државата.

ДУИ потсетува дека институциите се должни да ги одразуваат мултиетничкиот карактер и уставниот принцип на еднаква застапеност.

Наместо тоа, гледаме враќање кон еднонационални структури и негирање на реалноста во која живееме.

Очекуваме итна реакција од Владата и одговорност од оние кои со своето молчење или учество го овозможуваат ова враќање кон дискриминаторски практики.

Не смееме да дозволиме Албанците да бидат избришани од државата.

Ќе ги користиме сите демократски средства за да го спречиме институционалниот монопол и да ја вратиме правдата таму каде што ѝ е местото, кај сите граѓани, еднакво.

Демократска унија за интеграција

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан