ДУИ: Правичната и соодветна застапеност не е привилегија, туку уставно загарантирано право
- СООПШТЕНИЕ - Демократската Унија за Интеграција ја изразува својата длабока загриженост за систематската реализација на заедничкиот план на двете македонски партии, посредуван од олигархијата, кој има за цел маргинализација на Албанците од сите политички, општествени и економски процеси во државата.
Скопје, 11 јули 2025
Демократската Унија за Интеграција ја изразува својата длабока загриженост за систематската реализација на заедничкиот план на двете македонски партии, посредуван од олигархијата, кој има за цел маргинализација на Албанците од сите политички, општествени и економски процеси во државата.
Последниот случај во Филхармонијата на Северна Македонија, каде што во последните шест месеци од 18 нововработени само еден е Албанец, и покрај тоа што институцијата ја води Албанец, е јасен доказ дека овој план се реализира со софистицирани методи на дискриминација, дури и таму каде што симболично се поставуваат Албанци на раководни позиции.
Оваа антиалбанска стратегија се спроведува на повеќе нивоа:
• преку игнорирање на политичкиот легитимитет на Албанците,
• преку непочитување на принципот на Бадентер,
• преку укинување на балансерот,
• и преку целосно прекршување на правичната и соодветна застапеност во државните и јавните институции.
Албанците не се исклучуваат само од институциите што ги водат други, туку сега и од тие што ги раководат самите Албанци! Овој модел е понижувачки, неуставен и опасен за мултиетничкиот карактер на државата.
ДУИ потсетува дека правичната и соодветна застапеност не е привилегија, туку уставно загарантирано право, кое не смее да зависи од волјата на поединци или од шеми на интересни групи. Албанците нема да молчат и нема да се откажат пред овој јасен план за национална маргинализација!
Демократска унија за интеграција
_________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.