• петок, 22 ноември 2024

ДУИ: Моноетничката влада по налог на Вучиќ апси поранешни војници на ОВК

ДУИ: Моноетничката влада по налог на Вучиќ апси поранешни војници на ОВК

Скопје, 15 август 2024

Демократската унија за интеграција изразува длабоко разочарување од крајно тенденциозната и повторена акција на институциите во земјата кон поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани од Косово, кој е прогонуван по наредба на српската влада и е уапсен во Скопје.

Губитниците на изборите, рако-бакнувачите вазали во моноетничката власт, кои го немаат легитимитетот на албанските гласачи, но се претпочитани на ВМРО, се пофалија дека го ослободиле Блерим Рамадани, мамејќи го народот со што го мерките за безбедност се сменети, додека вчера полицијата повторно одлучила да го приведе и да го испрати во активен притвор. 

Албанците се сирачиња и понижени со овие неспособни вазали без никаков национален и институционален капацитет. 

Секојдневното понижување се продлабочува и не поминува ниту еден ден без огромен скандал. 

За само 50 дена владеење без легитимитет, ВазаЛЕНИ ги поништи сите национални достигнувања и сега ги понижува и поранешните војници на ОВК со директни наредби од Вучиќ и Србија.

 

Демократска унија за интеграција

_______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

Остани поврзан