• четврток, 04 декември 2025

ДУИ: Исклучувањето на Албанците продолжува со алармантно темпо

ДУИ: Исклучувањето на Албанците продолжува со алармантно темпо

Скопје, 9 јуни 2025 

Демократската унија за интеграција го изразува својот најдлабока загриженост за систематската дискриминација и исклучување на Албанците од државните и јавните институции во Република Северна Македонија. Последниот случај во Министерството за енергетика, каде од 18 нововработени нема ниту еден Албанец, е јасен доказ за постоење на однапред испланирана стратегија за поништување на државотворниот статус на Албанците во земјата.

Ова не е изолиран случај. Станува збор за отворена и агресивна имплементација на план, усогласен меѓу двете македонски партии, посредуван од политичката олигархија уште од 2022 година. Целта е јасна: целосно маргинализирање на Албанците од државните и јавните институции, туркајќи ги на периферијата на политичкиот, административниот и економскиот систем.

Овој план се спроведува секојдневно, со забрзано темпо и синхронизирана динамика, исклучувајќи ги Албанците под изговор на „професионализам“ и „компетентност“, опасна наративa која се користи за враќање на едноетничка држава, спротивно на духот и буквата на Охридскиот договор.

Во овој проект за уривање на еднаквоста се вклучени и неколку албански вазали, кои во замена за привремени функции, легитимираат една од најслабите и етнички нелегитимни влади во 35-годишната историја на плурализам.

Денес, Албанците се непожелни во секоја институција, од енергетиката до правдата, од одбраната до јавната администрација.

ДУИ ја реафирмира својата непоколеблива заложба за заштита на колективните права на Албанците и на Охридскиот договор како темел на новиот општествен и институционален поредок во државата. Секој обид за уривање на тој поредок, преку судови, манипулирани конкурси или систематска дискриминација, ќе биде силно осуден и спротивставен политички, институционално и на меѓународен план.

ДУИ

_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото МИА архива

Остани поврзан