• понеделник, 23 декември 2024

ДУИ: Здравјето на прво место, почитувајте ги мерките за заштита

ДУИ: Здравјето на прво место, почитувајте ги мерките за заштита
Скопје, 29 мај 2020 На денешната седница на Централниот Изборен Штаб, свикана од страна на претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г-дин Али Ахмети, се разгледа актуелната ситуација во земјата, мерките за претпазливост и чекорите за економско оздравување. Сите заедно тежнееме кон што побрзо враќање во нормалност и да ја спасиме и зајакнеме нашата економија, но секое враќање во секојдневната рутина обврзително треба да се проследи со бескомпромисно почитување на мерките за заштита од граѓаните за да се спречи зголемувањето на бројката на заразени. Непочитувањето на мерките и безгрижноста може да создаде непредвидливи долготрајни последици кои ќе му наштетат на целото општество. Затоа, Централниот Изборен Штаб на ДУИ, во согласност со новите околности и предвидувања за следните недели, ќе реализира интензивни консултации со институциите и експертите и своите проценки и одлуки ќе ги превземе во согласност со препораките на експертите кои не смеат да бидат под политичко влијание, туку треба да се однесуваат одговорно кон јавното здравје. ДУИ апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита, носењето на заштитните маски, физичката дистанца, да одбегнуваат секакво собири и да одржуваат лична хигиена на ниво.   Центар за односи со јавност на ДУИ _____________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан