• петок, 22 ноември 2024

ДУИ: ВМРО и АA го бранат криминалот и употребуваат насилство во Собранието

ДУИ: ВМРО и АA го бранат криминалот и употребуваат насилство во Собранието
Скопје, 27 јуни 2022 Демократската Унија за Интеграција најостро го осудува насилството што денес на седницата на Комисијата за европски прашања во Собранието го извршија пратениците на ВМРО ДПМНЕ заедно со пратениците на Алијансата за Албанците. Секогаш кога тема на расправа и на дневен ред во Собранието е воспоставувањето правда во државата, ВМРО ДПМНЕ и Алијансата за Албанците провоцираат вербално и физичко насилство со цел да го заштитат криминалот и секогаш се појавуваат против правилното функционирање на правосудниот систем. Денес на седницата на Комисијата за европски прашања уште еднаш се докажа дека ВМРО ДПМНЕ и другите опозициски партии употребуваат насилство за да ја блокираат работата на Комисијата и тоа токму пратеници кои се под истрага поттикнаа инцидент и ја прекинаа седницата. Демократската Унија за Интеграција ги информира граѓаните и пошироката јавност дека Собранието ќе продолжи да функционира во прозападен евро-американски дух и ќе ја поддржи реализацијата на реформската агенда во партнерство со Соединетите Американски Држави и Европската Унија. Демократската Унија за Интеграција ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан