• петок, 05 декември 2025

ДУИ: Битката за Кичево повторно се претвора во етничка трка, да се провери автентичноста на аудио-материјалот

ДУИ: Битката за Кичево повторно се претвора во етничка трка, да се провери автентичноста на аудио-материјалот

Скопје, 15 октомври 2025 

За жал, битката за Кичево повторно се претвора во етничка трка, наместо да остане натпревар на идеи и визии за градот. Секогаш кога Албанците во Кичево станувале одлучувачки фактор, се активирале механизмите на подземјето – лабораториите на службите што работат во темнина – со цел да ги поделат, да ги посварат и да ги дискредитираат нивните политички претставници, се вели во соопштението од ДУИ, што МИА го објавува во интегрална форма. 

Ова сценарио добро го познаваме: кога не можат да се соочат со идеи, кога немаат проект, измислуваат скандали, монтираат разговори, фабрикуваат „факти“ и ги шират со единствена цел – граѓанинот да ја изгуби довербата во политиката и да остане дома на денот на одлучувањето.

Кичево нема да падне во оваа замка. Нашите граѓани се мудри, знаат да ја разликуваат фабрикуваната пропаганда од реалноста. Ќе продолжиме мирно, достоинствено и со уверување дека иднината на Кичево не се гради со клевети, туку со работа, посветеност и почит кон секој граѓанин – без оглед на етничката или верската припадност.

Да го сочуваме Кичево од валканоста на старата политика. Да кажеме НЕ на манипулациите и ДА на достоинството, соживотот и развојот што му припаѓаат на овој град.

И на самиот крај, суштински е пред секоја јавна реакција или извлекување заклучоци внимателно да се провери автентичноста на аудио-материјалот. Само по јасна и веродостојна оценка од надлежните институции или експерти може одговорно да се зборува за неговата содржина. Секој коментар или дискусија без таква потврда би била шпекулативна и потенцијално штетна, како за засегнатите лица, така и за јавниот интерес.

ДУИ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан