• недела, 22 декември 2024

Дуда: Полска и Израел направија чекор кон нормализирање на односите

Дуда: Полска и Израел направија чекор кон нормализирање на односите
Варшава, 12 јули 2022 (МИА) - Полска и Израел направија чекор кон нормализирање на  дипломатските односи, изјави денеска полскиот претседател Анджеј Дуда, откако израелскиот амбасадор официјално ги предаде акредитивните писма во Варшава. Дуда на Твитер напиша дека тој и израелскиот претседател Јицак Херцог се согласиле дека е „време да се вратат кон нормалните односи“. Според него, „прв чекор“ за ова е денешното предавање на акредитивните писма од страна на израелскиот амбасадор Јаков Ливне. Дуда додаде дека Полска наскоро ќе именува свој амбасадор во Израел. Односите меѓу двете земји се влошија во последниве години откако Полска усвои закони кои ги минимизираа дејствијата на некои Полјаци за време на Холокаустот и ги отфрлија барањата за враќање на конфискуваниот имот на жртвите на холокаустот и нивните роднини. Во есента 2020 година, Израел го отповика својот амбасадор во Полска, а на полскиот амбасадор во Израел му беше наредено да го заврши својот мандат на почетокот на летото 2021 година. паг/  

Остани поврзан