• недела, 28 април 2024

ДС: Ромите да бидат интегрирани во општеството и да ги имаат сите можности за напредок

ДС:  Ромите да бидат интегрирани во општеството и да ги имаат сите можности за напредок

8 април 2023 

Демократскиот сојуз на сите Роми во Македонија им го честита СВЕТСКИОТ ДЕН НА РОМИТЕ со искрени желби и определба, Ромите како трудољубив и мирен народ да бидат интегрирани во општеството и да ги имаат сите можности и услови за напредок како и другите народи насекаде во светот.

Во Македонија многу е направено за подобрување на животот и статусот на Ромите, но далеку сме од тоа да можеме да речеме дека дел од Ромите не се дискриминирани и дека сите имаат еднакви шанси да се образоваат, вработувaат и да создаваат нови вредности.

Не треба да биде само овој ден кога се зборува за правата на Ромите, треба секојдневно да создаваме еднакви шанси за нив, но и за сите граѓани.

Демократски сојуз 

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан