ДР Конго спонзор на Барселона
- Демократска Република Конго се согласи да плати повеќе од 40 милиони евра во спонзорски договор со Барселона, со кој на дресовите на шпанскиот фудбалски првак ќе се појави лого за промоција на туризмот во оваа африканска земја.
Барселона, 17 јули 2025 (МИА) – Демократска Република Конго се согласи да плати повеќе од 40 милиони евра во спонзорски договор со Барселона, со кој на дресовите на шпанскиот фудбалски првак ќе се појави лого за промоција на туризмот во оваа африканска земја.
Договорот, како што јавија денеска западните агенции, ќе го прикаже името на африканската земја на задната страна од дресовите за тренинг, отворајќи ново поглавје во маркетиншкиот пристап на каталонскиот клуб.
Овој потег доаѓа во време кога Барселона очајно бара начини да собере средства и да се врати на финансиската регулатива 1:1 на Ла Лига, која им овозможува да потпишуваат нови играчи по цена од едно евро потрошено за секое заработено евро. Клубот веќе продаде неколку играчи, но тоа не е доволно за да обезбеди нови засилувања, меѓу кои и Жоан Гарсија за сезоната 2025/26.
Спонзорскиот договор со ДР Конго, кој веќе склучи сличен договор со францускиот прволигаш Монако, претставува значаен чекор кон финансиска флексибилност. Барселона се надева дека ќе го стабилизира својот буџет до почетокот на август и ќе овозможи слободно движење на пазарот. ег
ФОТО: ФБ