Друштвото на ликовни уметници на Македонија ја отвора изложбата „Нови енергии“
- Друштвото на ликовни уметници на Македонија, под покровителство на Град Скопје, денеска во уметничкиот центар „АРТ ХАБ“ ќе ја отвори изложбата „Нови енергии“ која е посветена на младата генер
Скопје, 12 ноември 2021 (МИА) - Друштвото на ликовни уметници на Македонија, под покровителство на Град Скопје, денеска во уметничкиот центар „АРТ ХАБ“ ќе ја отвори изложбата „Нови енергии“ која е посветена на младата генерација уметници - членови на ДЛУМ.
Како што информираат од друштвото, во последните три години се зачлениле повеќе уметници, штотуку дипломирани на ФЛУ како и од други уметнички факултети.
- Сметаме дека нив треба да им се даде шанса да сцената на изложбените активности ја прошират со свој иновативен пристап. Пропозициите кои се дадени го негуваат новиот истражувачки потенцијал и примената на мултидисциплинарност и интермедијалност. Во современите текови на аналитичката уметност младите имаат идеи и теми за кои треба да добијат шанса за презентација и изложување. Така ќе ја помогнеме можноста на откривање на нови таленти, сериозно посветени млади уметници, а оваа изложба ќе биде и нивна отскочна даска за остварување на слободата на изразот, стои во соопштението од ДЛУМ.
На изложбата ќе биде доделена наградата „Нови енергии“ на Ана Трајковска за делото со наслов “Vicarious”. бак/вг/