• сабота, 21 февруари 2026

Дрон е забележан во Црно Море кај романското пристаниште Мидија

Дрон е забележан во Црно Море кај романското пристаниште Мидија

Букурешт, 26 јануари 2026 (МИА) – Дрон бил забележан од морнар во реонот на романското црноморско пристаниште Мидија, соопшти Министерството за национална одбрана на земјата.

Во оваа фаза не е познато дали се работи за цивилен или воен дрон или, пак, за некој што му припаѓа на приватен оператор.

„Во понеделник, 26 јануари, крајбрежната стража на влезот во пристаништето Мидија откри лебдечки објект, што укажува на можен фрагмент од беспилотно летало (воздушен дрон)“, се наведува во информациите на министерството.

Нуркачи специјализирани за деактивирање експлозивни направи патуваат кон местото со брод на крајбрежната стража за точно да ја утврдат природата на објектот, кој може да ја загрози безбедноста на пловидбата. јт/

Фото: Министерство за одбрана на Романија

Остани поврзан