Државно првенство на бармени по 14. пат во Скопје
- Здружението на бармени на Македонија по 14. пат го организира Државното првенство на бармени. Денешниот натпревар ќе се одржи во скопскиот хотел „Мериот“.

Скопје, 2 март 2023 (МИА) - Здружението на бармени на Македонија по 14. пат го организира Државното првенство на бармени.
Денешниот натпревар ќе се одржи во скопскиот хотел „Мериот“.
- Квалификациите започнуваат во 11.30 часот. Главниот настан - полуфинале и финалето се од 14.30 до 17 часот. Победникот ќе ја претставува Македонија на Светското првенство на бармени во Рим, Италија оваа есен, информираат од здружението. бд/сп/