• вторник, 08 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Државното обвинителство на Перу побара 34 години затвор за поранешниот претседател Кастиљо

Државното обвинителство на Перу побара 34 години затвор за поранешниот претседател Кастиљо

Лима, 12 јануари 2024 (МИА) – Државното обвинителство на Перу денеска официјално побара казна од 34 години затвор за поранешниот претседател Педро Кастиљо, кој беше соборен од власт и уапсен откако се обиде да го распушти Конгресот на крајот на 2022 година.

Британските медиуми појаснуваат дека тој се обиде да го распушти Конгресот и да владее со декрет, само неколку часа пред Законодавниот дом да го одржи третото гласање за неговото отповикување.

Неговото соборување и апсење, само 17 месеци по изборот на оваа функција, предизвика повеќемесечни смртоносни протести, а потпретседателката Дина Болуарте го замени како нов претседател на Перу.

Кастиљо останува во притвор под обвинение за „бунт“, злоупотреба на власта и нарушување на мирот, пренесуваат британските медиуми. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан