• недела, 22 декември 2024

Државниот трудов инспекторат утре ќе го комплетира извештaјот за трагедијата на фармата во светиниколско

Државниот трудов инспекторат утре ќе го комплетира извештaјот за трагедијата на фармата во светиниколско

Свети Николе, 9 јануари 2024 (МИА) - Инспектори од Државниот инспекторат за труд (ДИТ) вчера излегоа на терен по трагедијата во свињарска фарма во светиниколското село Амзабегово, во која еден работник на 45-годишна возраст почина на лице место, а неговиот 53-годишен колега, кој притрчал да го извади од дупката е на Клиниката за токсикологија во Скопје. Се чека да поминат 48 часа за да му се направи компјутерска томографија на мозокот.

Директорката на Државниот трудов инспекторат, Весна Томовска за МИА вели дека извршен е инспекциски увид по несреќниот случај, извештајот од нивна страна ќе биде комплетиран откако од сопственикот на свињарската фарма ќе биде предадена потребната документација. Инспекторите утврдиле дека починатиот работник немал респираторна заштита.

-Државниот инспекторат за труд веднаш по добивањето на пријавата излезе на увид на лице место и од самиот увид утврди дека е случена несреќа при работа, со фатална последица за еден од работниците, а другиот работник е со потешки повреди и истиот е транспортиран на Клиниката за токсикологија во Скопје. Со оглед на тоа што во моментов на надзорот од страна на работодавачот не е презентирана потребната документација врз основа на која би се утврдила целата целокупната фактичка состојба од страна на инспекторите е задолжено работодавачот во текот на денешниот ден да ја презентира на увид потребната документација, вели Томовска.

Таа посочува дека по утврдување и разгледување на документацијата ДИТ ќе излезе и ќе го презентира случајот на јавноста.

Според првичните информации починатиот работник ја отворил решетката која ги поврзува халата со дупката. Тој се симнал во дупката, за да го провери шиберот, кој го повлекува течното ѓубриво од халата, кон дупката. Инспекторите утврдиле дека во моментот на несреќата починатиот работник немал респираторна заштита.

Од каков гас починал работникот О.Т, а неговиот колега С.Ј се бори за живот на Клиниката за токсикологија треба да утврди обудкцијата на починатиот работник.

МИА вчера информираше дека пријавта во СВР-Штип е во 11.01 минута, а настанот се случил околу 10.30. Починатиот работник е О.Т 1978 година роден и второто работник е со инцијали С.Ј роден 1971 година од село Амзабегово. вдј/сст/

Фото: МИА

Остани поврзан