• сабота, 23 ноември 2024

Државниот студентски дом „Скопје“ ги врати цените за сместување и исхрана на студентите

Државниот студентски дом „Скопје“ ги врати цените за сместување и исхрана на студентите

Скопје, 18 септември 2023 (МИА) - Државниот студентски дом „Скопје“ – Скопје денешната седница на Управниот одбор, по претходна координација со Министерството за образование и наука и министерот Јетон Шаќири донесе одлука за враќање на цените за сместување и исхрана на студентите. 

-Враќање на цените за сместување и исхрана на студенти, односно цената од 3.945,00 денари се враќа на 3.645,00 денари, исто како претходните години. Напоменуваме дека при покачувањето на цените за сместување и исхрана се земени во предвид сите трошоци на ДСД „Скопје“ кои се значително поголеми и не е прекршена ниту една процедура, се посочува во соопштението на Државниот студетски дом “Скопје“. 

Како што се наведува, одлуката да се вратат старите суми е донесена по реакцијата на студентите за покачените цени, а дополнително ќе се бара решение за нормално функционирање на студентските домови. ев/ац/

Остани поврзан