• среда, 27 ноември 2024

Државата има идеи за развој на сината економија, потребна е поддршка

Државата има идеи за развој на сината економија, потребна е поддршка
Охрид, 3 ноември 2022 (МИА) - Република Северна Македонија, но и регионот имаат добри идеи за развој на сината економија, но недостасуваат поддршка и знаење, сметаат дел од учесниците на „Blue Economy summit“, што се одржува во Охрид во организација на „Prime Blue Institute“. Сината економија, како што појасни Зоран Мариновски претседател на „Prime Blue Institute“, подразбира се што е поврзано со развој на технологии за пловење и подобрување на животната средина, од аспект на водите кои не опкружуваат. На самитот, како што информира, учествуваат експерти од 10 земји, кои ќе ги пренесат сопствените искуства и ќе овозможат вмрежување за поддршка на сината економија. Сината економија, според заменик министерката за животна срина и просторно планирање Христина Оџаклиевска, е тесно поврзана со зелената економија и дава основа за отворање зелени работни места. - Од една страна ги штитиме водните резурси, затоа што има билошка разновидност значајна и уникатна и треба да биде заштитена, а од друга страна водата претставува ресурс и треба да овозможи економски развој преку искористувањето на потенцијалот за создавање зелени работни места. Нашата земја е посветена на реализирање на одредбите од зелената агенда, истакна Оџаклиевска. Марк Берет од германската развојна агенција рече дека ги подржуваат стар ап компаниите и иницијативата за сина економија, забележувајќи дека во регионот има добри идеи, а тие се подготвени да дадат поддршка и знаење. - Сината економија е еден од најважните сектори и затоа е од огромно значење за овој регион, но и општо за глобалниот развој, нагласи Берет. Според Јакоф Модер од швајцарската програма за развој на претприемништво, во Северна Македонија се забележува огромен напредок во технолошките стар ап компании и претприемачи посено во Ковид периодот - Во Ковид периодот е забележан раст од 50 отето што значи дека знаењето е тука иницијативата е тука, но недостасува поголема поддршка, смета Модер. сс/мч/

Остани поврзан