• петок, 22 ноември 2024

Дресот на Џордан продаден за рекордни 10,1 милиони долари

Дресот на Џордан продаден за рекордни 10,1 милиони долари
Њујорк, 16 септември 2022 (МИА) – Дресот на легендарниот американски кошаркар Мајкл Џордан е продаден на аукција за рекордни 10,1 милиони долари, соопшти аукциската куќа Сотби од Њујорк. Станува збор за дрес во боите на Чикаго Булс, кој Џордан го носеше за време на првиот натпревар од финалето во НБА лигата против Јута во 1998 година. Чикаго го загуби тој натпревар по продолжение (88-85), но подоцна ја освои шампионската титула, која беше шеста и последна за Џордан во дресот на „Булси“. Претходно оваа година за 9,3 милиони долари на аукција беше продаден дресот во кој аргентинскиот фудбалер Диего Армандо Марадона го постигна легендарниот гол против Англија во четвртфиналето на мундијалот 1986, кој стана познат како „божја рака“. ег/ми/

Остани поврзан