ДПС ќе побара оценка на уставноста на Законот за вероисповест
- Демокаратската партија на социјалистите на Црна Гора (ДПС) на Мило Ѓукановиќ денеска најави дека ќе поднесе барање до Уставниот суд да ја оцени уставноста на сет закони, меѓу кои и измените в

Подгорица, 3 февруари 2021 (МИА) - Демокаратската партија на социјалистите на Црна Гора (ДПС) на Мило Ѓукановиќ денеска најави дека ќе поднесе барање до Уставниот суд да ја оцени уставноста на сет закони, меѓу кои и измените во Законот за слобода на вероисповест.
Членот на ДПС, Данијел Живковиќ истакна дека барањето не е опструкција од опозицијата туку „мнозинството го немале потребниот број на гласови за изгласување на тие закони“.
Пратениците на ДПС ја бојкотираа седницата на 20 јануари, на која беа усвоени законите.
- Нашите очекувања се дека одлуката ќе биде позитивна и оти законите ќе бидат поништени, посочи Живковиќ. ми/