• понеделник, 23 декември 2024

ДПИ: При вчерашните контроли на „Кванташки“ изречени парични казни од над 580.000 денари и 30-дневни забрани за вршење дејност

ДПИ: При вчерашните контроли на „Кванташки“ изречени парични казни од над 580.000 денари и 30-дневни забрани за вршење дејност

Скопје, 26 април 2023 (МИА) - Во текот на вчерашната акција на Државниот пазарен инспекторат спроведена во координација со Управата за финансиска полиција и Министерство за внатрешни работи на Кванташкиот пазар, констатирани се неправилности, односно биле затекнати трговци кои не воделе евиденција во трговијата согласно закон што е спротивно на член 28 став 1 од Законот за трговија, а е сторен прекршок по член 57 став 1 од истиот закон. За овие трговци изречени се глоби во вредност над 580.000 денари. Истовремено согласно член 51 став 1 точка 6 од Законот за трговија запленети се стоки од над 15 тони, соопшти денеска Државниот пазарен инспекторат.

Од ДПИ посочуваат дека се затекнати и физички лица кои вршеле нерегестрирана дејност, односно вршеле трговија на мало, за што се издадени прекршочни платни налози во вредност од над 30.000 денари во согласност со член 2 став 2, а казниво по член 58 став 14 од Закон за трговија и им е издадена забрана за вршење дејност во рок од 30 дена.

- За оние трговци кои не го пријавиле исполнувањето на минимално техничките услови издадени се прекршочни платни налози во вредност од над 18.000 денари. По Закон за метрологија издадени се прекршочни платни налози во вредност од над 12.000 денари за неверифицирана вага. Имаше и трговци кои ја прекршиле Одлуката за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки за што се издадени прекршочни платни налози од над 200.000 денари, се вели во соопштението на ДПИ.

Оттаму посочуваат дека издаден е и прекшочен платен налог во вредност од 120.000 денари за организаторот, мал субјект, правно лице на Кванташки пазар кој го прекршил член 14 став 2 од Законот за трговија, што е казниво по член 58 став 1 од истиот закон и за одговорното лице во правното лице е издаден платен налог во вредност од 6000 денари.

Од ДПИ информираат дека по завршувањето на акцијата, запленетите стоки, овошје и зеленчук, предадени се во Агенцијата за одземен имот, а во заеднички договор со директорот на Агенцијата, запленетите стоки биле дониравме, односно распределивме онаму каде што е најнеопходно.

- Ова е само почеток на ваквите акции, а ќе следат и поригорозни во наредниот период. Никој не е над законот, и не смее да ги заобиколува законите, ниту пак да манипулира со граѓаните, се вели во соопштението на ДПИ. фф/сп/

Фото: МИА Архива

Тагови

Остани поврзан