• недела, 22 декември 2024

До 11 часот на гласање излегле 16,46 отсто од гласачите во седумте избирачки места каде се прегласува

До 11 часот на гласање излегле 16,46 отсто од гласачите во седумте избирачки места каде се прегласува

Скопје, 22 мај 2024 (МИА) - До 11 чaсот, од вкупно запишани 4.514 гласачи на седумте избирачките места, гласале 743 односно 16.46 отсто од избирачите, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). 

Во избирачкото место 2101 во Желино гласале 205 гласачи односно 20.64 отсто. Во избирачкото место 1194 во Крушево, гласале 87 гласачи односно 18.55 отсто. Во избирачкото место 1202 во Крушево, гласале 35 гласачи односно 11.74 отсто. Во избирачкото место 1272 во Охрид, гласале 156 гласачи односно 21.94 отсто. Во избирачкото место 1470 во Долнени, гласале 83 гласачи односно 12.61 отсто. Во избирачкото место 1470/1 во Долнени, гласале 31 гласач односно 4.91 отсто. Во избирачкото место 1844 во Струга, гласале 146 гласачи односно 19.39 отсто.

Во споредба со гласањето на 8 мај 2024, до 11 часот, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 5.35% на овие избирачки места.

Како што се посочува во информацијата, до ДИК се пристигнати два приговори за заштита на личното избирачко право за избирачкото место 1470 во Долнени. 

Денеска се прегласува во Петата изборна единица на избирачките места 1194 и 1202 во Крушево, 1272 во Охрид, 1470 и 1470/1 во Долнени и 1844 во Струга, додека во Шестата изборна единица на избирачкото место 2101 во Желино. ев/са/

Фото: МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан