• петок, 26 април 2024

До среда сончево и топло, а потоа заладување и дожд

До среда сончево и топло, а потоа заладување и дожд

Скопје, 11 април 2024 (МИА) - До почетокот на следната седмица ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност, соопшти УХМР.

Од среда се очекува значителна промена на временската состојба, проследена со зголемена облачност, врнежи од дожд, локална појава на грмежи, засилен ветер и опаѓање на температурата.са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан