• петок, 05 декември 2025

До недела облачно со дожд, а на планините снег

До недела облачно со дожд, а на планините снег

Скопје, 27 ноември 2025 (МИА) - Во петок ќе се задржи облачно време со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 35 l/m² за 24 часа). На планините врнежите ќе бидат од снег, а во некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, соопшти УХМР.

Во сабота на планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег. Од недела времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.са.

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан