• недела, 22 декември 2024

До крајот на неделата одлука за снабдувањето со струја на училиштата и јавните претпријатија

До крајот на неделата одлука за снабдувањето со струја на училиштата и јавните претпријатија
Скопје, 27 октомври 2022 (МИА) - До крајот на неделата Владата ќе донесе одлука за поддршка на основните и средните училишта, како и на јавните комунални претпријатија во снабдувањето со струја. Како што соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, поддршката ќе се реализира преку ЕСМ продажба. Целта на поддршката на комуналните претпријатија, повтори Бектеши, е да нема поскапување на водата за пиење. Тој утрово имаше средба со претставници од прехранбената индустрија по што информира дека државата ќе ги поддржи со двојно поевтина струја компаниите од овој сектор. Можно е листата да се прошири, рече, па покрај мелничката, млечната и индустријата за масло, да бидат поддржани и преработувачите на месо. - Ова е само почеток на вакви мерки, ќе следат уште многу други за да ја ублажиме кризата. Целта е да направиме максимум за заштита на стандардот на граѓаните. Средствата се обезбедени, а ќе имаме поддршка и од ЕК, истакна Бектеши. мч/лв/

Остани поврзан