• недела, 21 јули 2024

До крајот на денот нестабилно време со дожд, грмежи и појава на град

До крајот на денот нестабилно време со дожд, грмежи и појава на град

Скопје, 30 мај 2024 (МИА) - Синоптичарите најавуваат дека денеска од пладневните часови, особено во западниот дел и на крајниот исток, времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и појава на град.

- Поради присуство на влажна и нестабилна воздушна маса за време на викендот и на почетокот на следната работна недела во попладневните часови претежно во јужните делови ќе има појава на повремен пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град, велат од УХМР.

Во Скопје и регионот, денеска и во деновите на викендот во попладневните часови ќе има појава на повремено пороен дожд проследен со грмежи и услови во делови од котлината за појава на краткотрајно невреме.

УХМР препорачува поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. ир/цр

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан