Дојавите за бомби во хрватските училишта биле испратени од сервер во Африка
- Голем број училишта во повеќе хрватски градови низ земјата денеска добија пријави за закани со бомби, слични на оние што ги добиваат училиштата во земјите од Европска Унија, а медиумите неофицијално јавија дека заканите иле испратени од истиот сервер кој наводно се наоѓа во Африка

Загреб, 6 февруари 2025 (МИА) – Голем број училишта во повеќе хрватски градови низ земјата денеска добија пријави за закани со бомби, слични на оние што ги добиваат училиштата во земјите од Европска Унија, а медиумите неофицијално јавија дека заканите иле испратени од истиот сервер кој наводно се наоѓа во Африка.
- Имаше 85 вакви пријави, а полициските службеници досега исклучија 60 училишта, така што наодите се негативни. Серверот е надвор од Хрватска и во тек е криминалистичко истражување, изјави хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божовиќ.
Во истрагата вклучени се експерти по кибербезбедност и Европол.
Покрај исламистички закани, во електронската пошта има и најави за одмазда, а полицијата тврди дека нема причина за паника.
Полицијата исто така соопшти дека постапката во сите училишта е спроведена според утврдени протоколи, сите училишта се евакуирани, просториите се детално проверени, а мерките за безбедност се на највисоко ниво. ми/
фото: МИА архива