• петок, 22 ноември 2024

Дојава за бомби во училиштата во Кочани ја прекина наставата во првата смена

Дојава за бомби во училиштата во Кочани ја прекина наставата во првата смена

Кочани, 15 декември 2023 (МИА) – Порака со предупредување за поставена бомба во некое од средните и основните училишта, што била испратена по електронска пошта на официјалната адреса на Локалната самоуправа во Кочани, денеска привремено ја прекина наставата.

Од Општина Кочани за МИА информираа дека по добивањето на пораката веднаш биле известени надлежните полициски органи, кои направиле увид на терен.

- Претпладнево на службената меил адреса на Општина беше добиена порака за поставена бомба во образовна институција, без да биде посочено за кое училиште станува збор. Полициски службеници презедоа соодветни истражни мерки, при што учениците безбедно ги напуштија училниците. По направениот увид беше констатирано дека се работи за лажна дојава, односно дека не постои никаква опасност за учениците и вработените во образовните институции, па наставниот процес беше продолжен, истакна Голубинка Георгиева, раководителка на Одделение за јавни дејности во Општина Кочани.

Наставата во втората смена во сите училишта во Кочани попладнево се одвива нормално. та/цр

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан