Дојава за бомба во траект со 750 патници на атинското пристаниште
- Траект со 750 патници што во 20 часот по локално време требаше да отплови од атинското пристаниште Пиреас за островите Хиос и Лезбос останува закотвен поради анонимна дојава за поставен експлозивен механизам во бродот, а патниците се евакуирани, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 4 мај 2025 (МИА) – Траект со 750 патници што во 20 часот по локално време требаше да отплови од атинското пристаниште Пиреас за островите Хиос и Лезбос останува закотвен поради анонимна дојава за поставен експлозивен механизам во бродот, а патниците се евакуирани, јави дописничката на МИА од Атина.
Телефонскиот повик за бомбата бил во канцелариите на бродската компанија Blue Star, а од Крајбрежната служба на Грција информираа дека во траектот што се наоѓа на пристаништето се врши проверка со помош на куче-душкач, додека пак сите патници биле евакуирани. ср/
Фото: Архива МИА