• недела, 22 декември 2024

Дончиќ ја презема вината за четвртфиналниот пораз од Словенија

Дончиќ ја презема вината за четвртфиналниот пораз од Словенија
Берлин, 15 септември 2022 (МИА) - Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ ја презема одговорноста за елиминацијата на неговата репрезентација во четвртфиналето на Европското кошаркарско првенство. Словенија синоќа во Берлин загуби од Полска со 90:87, а ѕвездата на Далас, не го доигра натпреварот поради петта лична грешка на пет минути пред крајот. Претходно Дончиќ доби техничка грешка поради протест кон судиите. - Можеби не бев 100% подготвен, ми дадоа инекција, но тоа не е поентата. Играв ужасно. Го изневерив мојот тим. Ја разочарав целата земја што не поддржуваше. Тоа е моја грешка. Ќе го анализирам овој натпревар и ќе бидам подобар, изјави Дончиќ од „Еурохупс“. Дончиќ кој средбата ја заврши со 14 поени, во текот на натпреварот, во повеќе наврати упатуваше пцовки кон судиите . Словенија не успеа да го одбрани шампионскиот трофеј освоен во 2017 година. Во полуфиналето, Полска ќе игра со Франција. зс/

Остани поврзан