• петок, 05 декември 2025

Донован назначен за нов тренер на Чикаго

Донован назначен за нов тренер на Чикаго
Чикаго, 23 септември 2020 (МИА) – НБА лигашот Чикаго булс го промовира Били Донован на тренерската функција. Во согласност со клупската политика, условите на договорот не беа обелоденети. Педесет и петгодишниот Американец соработуваше со Оклахома сити во последните пет години. По сезоната 2019/20 беше одлучено да не се продолжи договорот со него, па кошаркарскиот стручњак остана без клуб. Во регуларниот дел од сезоната 2019/20, Булси предводени од Џим Бојлен, завршија на 11. место во Источната конференција и не влегоа во плејофот. зс/

Остани поврзан