Донирана медицинска опрема во Гинеколошката болница во Чаир
- Донацијата вклучува 10 лабораториски столици за вадење крв, што ќе придонесат за олеснување и зголемување на ефикасноста на секојдневните медицински процедури, се наведува во денешното соопштение на локалната самоуправа.
Скопје, 14 мај 2025 (МИА) - Во Гинеколошката болница „Мајка Тереза“ во Чаир денеска била донирана медицинска опрема. Од Општина Чаир велат дека станува збор за нешто вредно што ќе ги подобри условите за пациентките.
- Донацијата вклучува 10 лабораториски столици за вадење крв, што ќе придонесат за олеснување и зголемување на ефикасноста на секојдневните медицински процедури, се наведува во денешното соопштение на локалната самоуправа.
На примопредавањето на донацијата, присутни биле градоначалникот Висар Ганиу, директорката на болницата Пранвера Изаири, директорот на Детската клиника, Реџеп Мемеди, како и пратеничката Мерита Коџаџику.

Градоначалникот изразил благодарност до компанијата „Мармарис“ и нејзиниот претставник Јусуф Алиу.
- Оваа донација претставува јасен пример за интеринституционална соработка и улогата што приватниот сектор може да ја има во јакнење на јавните услуги во корист на граѓаните, се истакнува во соопштението на Општина Чаир. бд/дма/
Фото: Општина Чаир