• петок, 05 декември 2025

Донација на специјално возило работно АТВ за Општина Илинден

Донација на специјално возило работно АТВ за Општина Илинден

Скопје, 29 август 2025 (МИА) - Во Општина Илинден беше извршено примопредавањето на донацијата – специјално возило или работно АТВ, од страна на општествено одговорната компанија „Мото Илинден“.

Како што информира градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, станува збор за донација на теренско возило за планински делови. Ова возило ќе биде користено за одржување на ридско-планинските патеки, како и во ситуации при гаснење на пожар, односно на тешко достапни места каде ќе има потреба при вонредни ситуации.

Градоначалникот Георгиевски, при примопредавањето на донацијата ја искористи можноста да се заблагодари на општествено одговорната компанија за хуманиот гест и ја истакна важноста на овој вид донација за општина Илинден.вј/

Фото: Општина Илинден

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан