• четврток, 26 март 2026

Донација за детско одделение од кумановската општа болница

Донација за детско одделение од кумановската општа болница

Куманово, 30 мај 2025 (МИА) - Детското одделение од општа болница Куманово денеска доби донација од општествено одговорна компанија. На барање на болницата, компанијата донираше топломери, инхалатори, постелнина.

- Да се заблагодарам на општеството одговорната компанија ,,Бучен козјак“, светска, а наша компанија. Секогаш излегуваат во пресрет која нешто ќе им побараме така и овој пат по наше барање. Тие и претходно донирале за наши потреби, изјави директорот на општа болница Куманово, Сашо Стошевски.

Компанијата донираше и пакет со млечни продукти за хоспитализираните пациенти. Началникот на детско одделение д-р Маргица Арсовска, рече дека донацијата е исклучително значајна за потребите на најмладите пациенти. Во моментот на одделението се сместени 20- тина деца, главно со респираторни проблеми. 

– Пресреќна сум што денеска компанијата ,,Бучен козјак“ што е бренд и постои над 40 години на овој пазар изрази желба да донира за дечињата на детското одделение. Бренд чијшто производи се поддржани од здружението на педијатрите на Македонија. Се надевам дека со ова донација ќе ги задоволиме потребите на нашите најмали за време на нивното лекување, изјави д-р Арсовска.

 
Наташа Денковска Бојковски од компанијата рече дека донацијата ја спроведуваат по повод меѓународниот ден на детето и меѓународниот ден на млекото.

- Годинава, решивме тоа да биде донација на детско одделение во Куманово со тоа што сметаме дека со донацијата ќе придонесеме да го подобриме престојот на најмладите, да им обезбедиме подобра иднина, рече Денковска Бојковски.

Од детското одделение најавија дека со донации веќе се реконструира одделението, воведени се две нови амбуланти. ам/цр

Фото: МИА

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан