• недела, 22 декември 2024

Донаторска конференција во Париз за помош на Молдавија

Донаторска конференција во Париз за помош на Молдавија
Париз, 21 ноември 2022 (МИА) - Околу 45 земји и институции ќе учествуваат денеска на донаторска конференција во Париз, каде што треба да се обврзат дека ќе и дадат милиони евра помош на Молдавија, бидејќи расте стравот дека таа може дополнително да се дестабилизира поради конфликтот во Украина. Молдавија, која се наоѓа меѓу Украина и Романија, ги почувствува последиците од зголемувањето на цените на храната и енергијата, како и приливот на илјадници бегалци кои пристигнуваат во земја со околу 2,5 милиони жители.
Помошта ќе биде искористена за поддршка на буџетот на Молдавија и снабдувањето со електрична енергија, како и за трошоците за домување на илјадници украински бегалци. паг/  

Остани поврзан