• сабота, 08 март 2025

Доменикали: Влегувањето на Кадилак е важен знак за развојот на Формула 1

Доменикали: Влегувањето на Кадилак е важен знак за развојот на Формула 1

Мелбурн, 8 март 2025 (МИА) - Извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали го поздрави официјалното одобрување на кандидатурата на Кадилак да влезе во спортот.

Од сезоната 2026 на стартната линија ќе има 22 болиди, а на конечната одлука и претходеа повеќемесечни преговори, откако договорот беше постигнат во ноември.

-Како што кажавме во ноември, посветеноста на Џенерал Моторс да учествува во Формула 1 со тимот на Кадилак е важен и позитивен знак за развојот на нашиот спорт. Би сакал да им се заблагодарам на ГМ и ТВГ Моторспортс за нивната конструктивна соработка во изминатите неколку месеци и со нетрпение очекувам да му посакам добредојде на тимот на стартната линија во 2026 година, што ќе биде уште една возбудлива година за Формула 1, објасни Доменикали. дс

Фото: Архива

Остани поврзан